Денеска (28.03.2022) во 12.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ја лишиле од слобода С.М.(53) од Скопје. Таа била барана по централна потерница од Основното јавно обвинителство за истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик – „даночно затајување“.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.