Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 3,9% Турци…

Македонија брои 2,097 319 лица, од кои 1 836 713 живеат во државата. Луѓе кои повеќе од една година не живеат во земјава опфатени со пописот изнесува 260 606 лица. На пописот официјално се потврди дека бројот на жители во земјава е намален за 185 834 лица, или за 9,2 проценти. Вкупното попишано население во земјава изнесува 2 097 319 лица, од кои 1 836 713 живеат во државата. Нерезидентно население, односно луѓе кои повеќе од една година не живеат во земјава опфатени со пописот изнесува 260 606 лица.

Ова се дел резултатите за пописот објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во однос на етничката припадност резултатите покажуваат дека од вкупно попишаното население (резиденти и нерезиденти):

54,21 Македонци
29,52 Албанци
6,31 лица за кои податоците се преземени од административни извори (не се прашани за етничката припадност)
3,98 Турци
2,24 Роми
1,18 Срби
0,87 Бошњаци
0,44 Власи

Од вкупното резидентно население:

58,44 Македонци
24,3 Албанци
7,2 лица за кои податоците се преземени од административни извори (не се прашани за етничката припадност)
3,86 Турци
2,53 Роми
0,47 Власи
1,3 Срби
0,87 Бошњаци

Од вкупното нерезидентното население во кое спаѓаат државјаните на РСМ отсутни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни помалку од 12 месеци:

24,45 Македонци
66,36 Албанци
4,79 Турци
1,02 Роми
0,19 Власи
0,35 Срби
0,81 Бошњаци