Најважната категорија оние 7,2 проценти кои според Државниот завод за статистика се граѓани кои што се резиденти, односно се во државата но поради определени причини се не изјасниле по трите основни параметри, кој е нивниот мајчин јазик, вероисповед и националност. И тие се водат во групата на неизјаснети или практично не е ни во друго, ниту во останато, туку во неизјаснети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа давајќи свој коментар за објавените резултати од пописот.
Мицкоски потенцираше дека пописот е некомплетен и дека како една од причината за промена на власта е токму и спроведување на попис по електронски начин, како и дека околу 90 проценти од граѓаните кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ.
Како партија имавме став дека според нас оваа статистичка операција е некомплетен, односно ја гледаме како незавршена и токму една од потребите за промена во владата е токму и таа за спроведување на попис каков што треба да биде, по електронски начин и точно да знаеме овие 132.000 наши сограѓани на кој народ му припаѓаат. Иако и сега е видливо, јасно е дека најголем дел од нив, можеби повеќе од 90тина проценти се дел од македонскиот народ но поради определени причини не се изјасниле и јас ги разбирам, ги разбирам нивните чувства и ја почитувам нивната одлука да не се изјаснат на овој попис. Доколку нормално се изјаснеа можеби бројките ќе беа поразлични, соодносот на националностите, на македонскиот народ кој што е дел од овој попис, од оваа статистичка операција ќе беше поинаков, изјави Мицкоски.
Уште од почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна е дека огромно мнозинство, повеќе од 90 проценти од тие кои што се неизјаснети се дел од македонскиот народ според општините каде што тие се наоѓаат, дециден е Мицкоски.