Поради најава за силно невреме од попладнево до први април во прекин поморскиот сообраќај Албанија- Италија

0
393

Поради најава за силно невреме албанските власти воведоа забрана за пловидба на Јадранско и Јонско Море, од попладнево до први април.

Според генералната албанска капетанијата нема да пловат ниту траектите кои сообраќаат од италијанските пристаништа Бари и Бриндизи кон албанските Драч и Валона и обратно.

-Генералната поморска дирекција соопштува дека засилен ветер со југ-југозападен и југ-југоисточен правец ќе ги влоши временските услови на крајбрежјето од денеска попладне до први април. Брзината на ветерот ќе биде до 20 м/сек. а висината на брановите 2,5 до 4 метри, што ќе ја зголемо јачината на морската струја, стои во соопштението.

Во исто време поморските власти ги известуваат сите патници кои резервирале да патуваат на 30 и 31 март на релација Драч-Бари и Бари- Драч да контактираат со агенциите за враќање на средствата за уплатени билети или поместување на датумот на патување.

Главната поморска капетанија посебно предупредува дека забраната важи и за помали пловни објекти и рибарски бродови во Драч и Валона до први април во 22 часот кога се очекува разведрување.