Албанија најавува поскапа струја за богатите семејства

0
273

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека се прави студија која ја разгледува можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој ја повтори владината одлуката дека нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба.

„Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Ние и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки, со кој не предвидуваме поскапиме на цената на струјата за ниту едно албанско семејство. Министерството за енергетика прави студија за богатите семејства, за да видиме дали можеме да направиме привремена поделба каде тие што имаат повеќе да платат повисока сметката за енергија“, изјави Рама од собраниската говорница.

 

Радио Слободна Европа