Гори магацин за детски играчки „Андреј компани“ во Штип кој е лоциран на стариот регионален пат во близина на штипската приградска населба „Три чешми“.
Пожарот настанал од запалено ѓубре во близина на објектот, кој поради силината на ветерот се проширил на еден од магацините.
Во моментов гори магацин полн со играчки и пластика.
Командирот на ТППЕ Штип Дарко Коцев, за Телма вели дека дојавата ја добиле околу 12.35 часот, на терен се излезени 15 пожарникари со 4 возила, а на помош им доаѓаат и пожарникари од Свети Николе и Кочани.
Во моментов пожарникарите со ладење на втор магацин се обидуваат пожарот да не се префрли и на втор објект.