Проекти „тешки“ над 20 милиони евра и по една деценија не се завршени, открива државниот завод за ревизија при проверките на сметките на а.д Електрани на Северна Македонија. Ревизорите утврдиле дека во период од 2011 до 2020 година значителен износ на пари се инвестирани во проекти кои не се завршени и опрема која што не ставена во употреба.
Според државниот завод за ревизија за реализација на проектите и набавки биле случени договори во вредност од 21,5 милиони евра. Станува збор за Интегриран компјутеризиран информациски систем – БИС, опрема за подобрување на телекомуникациите и мрежувањето, обезбедување на стоки од „системот за следење на движење и мерење на количините на јаглен и мерење на активности на придружна механизација за ПЕ „Рудници“ во РЕК „Битола“, ХЕ „Бошков Мост“ – изградба на брана и формирање на акумулација, „Луково Поле“ – подготовка на предлог проект за обновителна енергија, изградба на нов административен објект – Деловна зграда на АД ЕСМ Скопје.
Ревизорите утврдиле дека за 10 години не е реализирана и модернизацијата на Блок 1 во РЕК Битола, а се направени трошоци од 21 милион евра.