Мицкоски: На вистинскиот пат сме до конечна победа! – Покрај заробеното судство, вистината излегува на виделина, инстант клеветите нема да им донесат кариери на залутаните во политиката

И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени.

Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.