Алфа: Цар Самоил е симнат од дневен ред – ќе го славиме заедно со Бугарија

0
576

Прашањето за Цар Самоил е завршена работа – претседателот на бугарската комисија за историја Ангел Димитров потврди дека заедно со македонските историчари се договориле за заедничко чествување на ликот и делото на цар Самоил.

Дел од бугарските историчари потврдуваат и дека на преговарачката маса е и прашањето за македонскиот револуционер Гоце Делчев, но сепак не откриваат во која фаза се преговорите, објави Алфа. 

Бугарскиот премиер Петков не го крие задоволството од постигнатиот договор во Комисијата кој очигледно оди на штета на Македонија, па вели дека напредокот бил огромен.

„Историската комисија е единствена таа која може да даде на двете Влади извештај за тоа за кои личности од историјата е постигнат договор или кои од историските факти може да се заеднички. Јас очекувам во брзо време да излезе комисијата и да каже. Колку што сум информиран напредокот го огромен, но не ги знам последните информации за тоа за што се согласиле. Се радувам оти од двете страни има дух за заедничка работа и така се постигаат успеси“, рече Петков.

Текстот во целост на: Алфа.