Од каде набавуваме јаглен? Се купува во Грција, се пишува дека е од Косово?

0
547

Дали се прават злоупотреби со увозот на јаглен за РЕК Осломеј? Според неофицијални информации на ТВ21, компанијата која има договор за снабдување на РЕК Осломеј со јаглен, истиот го набавува од Грција, но во нашата држава го увезува како косовски јаглен. Наводно сето ова се прави поради тоа што е поисплатлива варијанта.

Но, ТВ21 пред неколку дена испрати прашање до ЕСМ и во писмена форма. Според одговорот, се вели дека РЕК Осломеј користи јаглен, еден дел од сопствен ископ и дел кој е купен од странство. Компаниите кои увезуваат јаглен надвор од државава, го набавуваат од Косово и Грција.

И денеска на прес конференција, Ковачевски рече дека јаглен е увезен од Грција, а дека од Србија нема увоз.

Текстот во целост на: ТВ21