ВМРО ДПМНЕ: Поради „успешните“ економски политики и мерки на власта Македонија е на дното во регионот по растот на БДП

СДСМ со своите „мерки“ ја уништи економијата во Македонија. Македонија секој ден се повеќе тоне во сиромаштија, над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Според статистиката растот на инфлацијата е повисок од растот на платите и пензиите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

Поради „успешните“ економски политики и мерки на власта Македонија е на дното во регионот по растот на БДП. Македонија во 2021 година има раст од само 4% на БДП што е далеку помала во споредба со земјите од регионот, а патем Македонија имаше најголем пад на економијата годината претходно. Тоа само покажува дека само Македонија од сите земји во регионот не успеала да го надополни падот од 2020 во споредба со 2021.

Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу.