Демократската унија за интеграција организира внатрепартиски избори во нејзините ограноци во Тетово, Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Желино, Теарце, Арачиново, Чашка, Студеничани, Брвеница и Долнени, информираат од партијата.
Додаваат дека според Статутот, членството во Демократската унија за интеграција е слободно и доброволно бидејќи ДУИ е отворена за сите граѓани на Република Македонија.
Во овој изборен процес се применува принципот утврден во статутот усвоен на последниот партиски конгрес, еден член еден глас. Овој принцип ќе ги определи претседателите на локалните ограноци на ДУИ кои веќе се на внатрепартиски избори. Во сите ограноци процесот на онлајн зачленување веќе е почнат и истиот процес се очекува да заврши до месец јуни ова година.
Демократската Унија за Интеграција ги поканува сите граѓани кои чувствуваат дека се подготвени да придонесат кон креирањето на политики за подобра иднина за сите нас, да не се двоумат, да се зачленат онлајн на: www.regjistrim.mk или на релевантниот огранок каде припаѓаат и со тоа да станат дел од изборите внатре во партијата.
Член на ДУИ може да стане секој граѓанин кој има наполнето 18 години, тие кои ќе ја прифатат Програмата, Статутот на партијата и ќе се изјаснат и пополнат формуларот за членство во партијата во електронска форма, велат од ДУИ.