Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.04.2022) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а ст.4 од Кривичен законик. Од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази. Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело.
Related Posts
Уапсен началникот на граничниот пункт Блаце кој беше сниман како бара мито
По апсењето на началникот на граничниот пункт Блаце, Алсат дознава дека акцијата продолжува и се очекува да има и други…
МНР: До сега нема пријави за помош од македонски граѓани по експлозијата во Истанбул
Македонското Министерство за надворешни работи извести дека досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош во дипломастките претставништва, по денешната…
Занаети кои изумираат: Ковач и крзнар нема ни за лек
Последниот ковач во Скопската стара чаршија се обидува да го одржи во живот занаетот којшто со генерации се пренесува од…