Нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта

Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта”. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор” поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

Новата дигитална услига ќе ја претстави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на настанот ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

 

извор/фото: агенции