Во Германија уапсени Срби, се обиделе да ограбат жена и едно семејство

0
388

Двајца српски државјани се уапсени во Лудвигсбург, Германија, под сомнение дека се обиделе да ограбат жена и едно семејство. Според германските медиуми, случаите во полиција ги пријавиле соседите на ограбените станари.

– Маж вооружен со нож заѕвонил во станот на една жена, побарал пари и се обидел да ја натера да земе малку жолт прав. Потоа ја заклучил во бањата и со пленот побегнал од станот.

Само ден подоцна од истиот станбен комплекс пристигнала уште една пријава за кражба.

Брачна двојка пријавила дека од станот им недостигаат илјадници евра, а се сомневаат дека за се е одговорен младиот човек (22) на кој привремено му дале сместување.

Како што објаснија, тој го имал клучот од станот, но им рекол дека се изгубил.

Полицијата брзо утврди што всушност се случило.

Двајцата се уапсени и одредена им е мерка притвор.