Големи поплави во Сиднеј, наредена е евакуација

0
357

Во Сиднеј во првите три месеци годинава наврнал дожд колку за една година, а поради постојаните дождови кои предизвикуваат поплави, властите наредиле евакуација на жителите, пренесуваат агенциите. Снимката од најпрометниот град во Австралија покажува поплавени патишта, автомобили заробени во водата што носи се пред себе.

Белинда, жителка на областа Воронора, изјави за ABC дека никогаш во животот не видела како реката тече толку брзо. На жителите на населбите Чипинг Нортон и Воронора во југозападниот и јужниот дел на градот им е наредено да ги напуштат своите домови поради зголемувањето на нивото на реките, објави новинската агенција АФП.

Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста за ненадејни порои во текот на викендот. Сиднеј, каде што непрекинато врне веќе две и пол недели, доби годишна стапка на врнежи во првите три месеци од 2022 година, објави Метеоролошката служба, пренесе агенцијата ДПА.

 

извор/фото: агенции