Мицкоски: Сигналите кои ги добиваме од Софија се лоши, зошто владата молчи за ова прашање дури и принцот на предавствата Заев дојде пред пратениците, оваа влада молчи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Патот кон“ на Алсат М телевизија истакна дека сигналите кои доаѓаат од Софија се лоши за Македонија и затоа владата не смее да молчи и мора да каже што преговара, потенцирајќи дека дури и еден Зоран Заев кој е принц на националните предавства се појави пред пратениците.

– Зошто не дојдат на комисијата за надворешни работи во Парламентот, еве денеска од страна на пратеничката група го поканија Ковачевски да дојде и да каже што преговара. Еве и на затворена седница, ако треба, вели Мицкоски.

Мицкоски потсети дека дури и еден Заев во 2017 година во јули месец пред да го потпише договорот со Бојко Борисов дојде на комисијата, придружуван од тогашниот државен секретар Виктор Димоски и разговараа со пратеничката група, односно разговараа со пратениците.

– Ако водат супер национални политики и супер национални преговори, ајде нека дојдат и нека зборуваат. Затоа што сигналите кои ги гледаме од Софија не се такви какви што ги кажува владата. И тоа ни остава простор да се сомневаме. Едноставно за да се тргне сомнежот, тогаш нека дојдат на комисијата за надворешни работи и нека кажат што преговараат. Дури и еден Зоран Заев принцот на националните предавства дојде, нагласи Мицкоски.