(ВИДЕО) Пукотница во Тел Авив, најмалку двајца мртви и осум ранети

0
385

Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата.

Телевизиските снимки покажаа голем број полицајци и работници за итна помош во центарот на градот. „Терористот отвори оган одблиску и побегна пеш. Неколку лица се повредени“, изјавил портпаролот на полицијата Ели Леви за телевизијата Канал 13.

Службата за итни случаи Magen David Adom соопштила дека добила дојава за пукање на неколку локации и згрижила неколку луѓе. Израелските медиуми јавија дека најмалку шест лица се повредени, од кои тројца се во тешка состојба. Подоцна е објавено дека има и загинати.

Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место на кое има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.