ВМРО ДПМНЕ: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:

Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски.
Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?
До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува.