Москва ги затвора канцелариите на Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч

0
214
Русија во петокот соопшти дека затвора локални канцеларии на 15 странски организации, меѓу кои и Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч, кои работеа во земјата во последните децении.

Соопштението дојде на 44-тиот ден од руската инвазија врз Украина, во која загинаа илјадници луѓе, а повеќе од 11 милиони беа приморани да ги напуштат своите домови, предизвикувајќи ја најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

Хјуман рајтс воч работи во Русија веќе 30 години, додека Амнести е присустен во земјата од 1993 година.

„Тие беа отстранети од регистарот на меѓународните организации заедно со 13 други странски невладини организации поради „прекршување на важечкото законодавство на Руската Федерација“, се вели во соопштението на Министерството за правда без да се наведат дополнителни детали.

Радио Слободна Европа