Градоначалникот Кирил Пецаков на увид на градежните активности во Св. Богородица Перивлепта

Градоначалникот  Кирил Пецаков, денес, изврши увид на текот на градежните активности за рехабилитација и санација на дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“. Активностите опфаќаат прередување на каменот, додека на местата каде има поголеми оштетувања се поставува нова тампон основа.

Претходно во Стариот дел на градот се изврши реконструкција и рехабилитација на неколку улици, пешачки патеки и потпорни ѕидови. Сите активности се реализираа со средства од општинскиот буџет.

општина Охрид