Груевски: Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на црна листа на САД се неточни и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене

Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи, напиша на својот ФБ профил поранешниот премиер Никола Груевски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на Груевски во целост:

Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.
Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес, а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес.
Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината.
Ќе продолжам да се борам за Македонија.