Државното правобранителство бара одговорност од екс-обвинители во СЈО

0
253

Државното правобранителство бара кривично да одговараат некогашните обвинители на СЈО Артан Ајро и Гаврил Бубевски, како и екс – истражител во згаснатото СЈО, Арафат Муареми, кој е актуелен директор на Управата за финансиска полиција. Според Државното правобранителство, тие не побарале навремено да се замрзне имотот на фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан, кој беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор за случајот „Труст“. Имено, „Трансмет“ од ЕЛЕМ со лажни документи доби тендер за ископ на јаглен од 17,3 милиони евра, но државата тие пари не може да си ги врати. Но, обвинителите Ајро и Бубевски, како и Муареми, го демантираат Државното правобранителство и тврдат дека во предметот постапиле правилно.