Заврши 10-та седница на Советот на општина Охрид

0
338

Со мнозинство гласови „ЗА„ советниците во Советот на општина Охрид ги усвоија сите точки од дневниот ред на денес одржаната 10-та Седница. На предлог на градоначалникот Кирил Пецаков, дневниот ред беше дополнет со Предлог – Одлуката за партиципација и сопствено учество на Општина Охрид во проектот „Изработка на проектно – техничка документација за пат од село Лескоец до селата Горно и Долно Лакочереј.

Меѓу усвоените точки беа Предлог- програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година. Предлог-одлуките за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното и средно образование за 2022 година (Н1). Предлог-одлука за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ). Предлог-одлуките за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена социјална и детска заштита за 2022 година (В1).Предлог-одлука за измена и дополнување на буџетот на ЕЛС Општина Охрид за 2022 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за реализација на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ преку партиципација и сопствено учество на општина Охрид. Предлог-одлуките за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид и донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца како и изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.

Советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуките кои се однесуваа на ЈП Нискоградба, односно согласност на одлуката за воведување нова дејност на претпријатието, изменување и дополнување на Статутот и дополнување на ценовникот на услугите на претпријатието.

Беше изгласана и Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид (Пречистен текст) и Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година со инегриран финансиски извештај за 2021 година.

На седницата се најдоа и Предлог – одлуките за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на Општина Охрид, за давање на користење недвижен имот – урбана опрема, за утврдување на висината на надоместокот на членови на комисија за урбанизам.

Зелено светло беше дадено и на Предлог- одлуките од областа на урбанизмот за донесување техничка исправка за ГП 2.78 од Детален урбанистички план за 6-та УЗ, УБ 6.2 опфат 1, општина Охрид. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 (КП 1688/2 и дел од КП 1688/1) и ГП 2 (КП 1688/1 и дел од КП 1687/1) во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ” во КО Охрид 4 – Општина Охрид. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 формирана на КП 4514/1 и делови од други КП и ГП 2 формирана на дел од КП 4500 и делови од други КП во ДУП за 11-та Урбана Единица – Охрид, МЗ Видобишта во КО Охрид 4, Општина Охрид.

На 10-та Седница на Советот на Општина Охрид беше издвоено време и за советнички прашања.