Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса, до едно финансиско друштво, поднеле он лајн апликација за добивање брз кредит по што, парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка. Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.
Related Posts
(ФОТО) Заложничка драма, бомба, нападнати полицајци, извлекување ВИП лице – се одржа оперативно – тактичката вежба „Пролет-22“
Денеска во кругот на СЦ „Борис Трајковски“ се реализираше Оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем и содржина…
Ковачевски појадуваше во РЕК Битола, на мени имаше сендвич со мортадела и сок од боровница
Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на…
Почина млад скопјанец во притвор
Во неделата наутро во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во…