СДСМ: Со изјавите Мицкоски креира политичка агенда на штрајкот на СОНК

0
306

Срамно е однесувањето на Христијан Мицкоски и со неговите изјави креира политичка агенда на штрајкот на СОНК. Одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или просечно за 2.500 денари во време на најголема светска економска криза е уценувачки потег на раководството на СОНК, велат од СДСМ.

„Затоа што наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари плус за период од пет години.

За разлика од тоа, во овие четири и пол години СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 21 отсто или од 3.200 до 6.400 денари.

Затоа Мицкоски и неговата партија се последните кои можат да зборуваат за платите во образованието и детската заштита“, се вели во соопштението од СДСМ..