Многу пати сум кажал дека кога светот застана и кога туризмот беше една од најпогодените гранки ние продолживме да работиме и резултатите се тука. Тоа што се случи во 2021-та, според Светската туристичка организација, ние сме петти во светот според раст на туристи, изјави во Утрински брифинг директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.
-Во почетокот на самата криза ние го создадовме координативното тело заедно со сите комори и здруженија. Заеднички работевме на мерките и заеднички дадовме четири пакети на мерки до Владата коишто беа 95% усвоени. Тоа беше координативно тело или кризен менаџмент во туризмот, верификувано како второ во Европа. После нас регионот почна да создава такви тела, вели Јаневски.
Тој додава дека индиректно сите мерки дошле од самиот сектор.
-Низ годината создадовме кампања „Дома си е дома“, со тоа што се насочивме кон домашниот туризам. Дури и насочивме кон неколку микро дестинации со рурален, еко туризам, авантуристички форми за туризам кои што имаа пораст, додава Јаневски.
Видео од разговорот на овој линк