Поранешниот премиер, Никола Груевски пред утрешната пресуда за случајот „Плацеви на Водно“, се огласи преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека оваа објава му била последна, како што пишува околу политичкиот прогон.
-Судиите знаат да судат според докази, а не по претпоставки, но ако имаат дозвола од власта или ако се охрабрат да и се спротистават, пишува Груевски.
Во долгото обраќање, поранешниот премиер Груевски му посветува и дел на бизнисменот Орце Камчев и на сведокот Александар Ивановски.
„Обвинението е дека сум земал партиски пари и со нив прикриено на име на други лица и фирми сум купил имот. Преставници на партијата во судот потврдија дека немаат констатирано никаков кусок на пари и во ниту еден ревизорски извештај не се појавило вакво нешто, така што партијата кажа дека нема оштетно побарување.
Обвинителството исто така не посочи доказ дека сум земал, како сум земал и кога сум земал партиски пари за купување на имот. Само онака кажаа дека сум земал“, се наведува во објавата на Груевски на Фејсбук.
Тој додава дека македонското судство е пред нов испит и предизвик.