Џонсон во посета на Индија – ќе ѝ понуди алтернативи за односите со Русија

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе понуди да ѝ помогне на Индија да ја намали зависноста од руската нафта и одбранбената опрема за време на неговата дводневна посета на Њу Делхи која почна денеска. На своето прво патување во Индија како премиер Џонсон ќе разговара за зајакнување на безбедносната соработка на состаноците со премиерот Нарендра Моди. Во пресрет на руската инвазија на Украина, западните сојузници ја повикаа Индија да се изјасни против војната. Индија, која е најголемиот светски купувач на руско оружје и увезува руска нафта, се воздржа на гласањето во Обединетите нации со кое се осудува инвазијата и не воведе санкции кон Москва. Моди изрази загриженост за убиствата на цивили.

 

Радио Слободна Европа