Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Левиц положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
По завршувањето на церемонијата на положување венци, двајцата претседатели ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Левиц, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Латвија, претседателите имаа заедничка прес-конференција.