Седум години затвор за поранешниот премиер, Никола Груевски и казна од 3 500 евра пресуди судијата за „Плацеви на Водно“ . Сашо Мијалков е осуден на 1 година и три месеци затвор, Јордан Камчев 1 година затвор, во кој му се смета и времето поминато во притвор. Ристо Новачевски доби две години условно, ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Истата казна важи и за Ненад Јосифовиќ, две години условно.
Груевски, Мијалков, Новачевски, Јосифовиќ и Камчев се виновни затоа што, Груевски против-правно за себе присвоил пари од донации од 1 300 360 евра, по што ги пуштил во оптек за перење на пари, а му помагал Мијалков. Останатите ги примиле и пуштиле во оптек, иако знаеле дека се против-правно стекнати. Груевски барал од Мијалков да му помогне да купи земјиште од 11 илјади метри квадратни и да се прикрие дека е сопственик. За помагачите, олеснителна околност е што за себе не стекнале имотна корист, објави Телма.
Судијата рече дека очекувал обвинетите да признаат вина и да им се извинат на чесните поддржувачи кои давале пари за партијата.
Нагласи дека, од секого ќе биде конфискувано се` што е нелегално стекнато.
Текстот во целост: Телма.