Македонската православна црква по четврти пат во својата автокефална историја вареше Свето Миро.
Свечен чин на осветување на новото миро беше извршен денеска на Велики Четвртпк, од страна на црковните достоинственици на Македонска православна црква во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Варењето Свето Миро е еден од суштинските елеменити на црковниот жиовт. Тоа се прави на посебен начин и постапка која трае цели три дена.
Годинешново варење на миро почна на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици. Откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла и по што новосвареното миро беше излеано во алавастери. Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто денеска, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи, го освети новото миро.
По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.
Првото Свето Миро МПЦ го добила од Бугарската православна црква од Патријархот Кирил кој по прогласувањето на автокефалноста и подарил на МПЦ-ОА, 3 литри Свето Миро во 1967 година.
Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува светата тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси. Варењето ба свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.