Во земјотресот во Босна загинато едно лице

Едно лице загина во општина Столац како последица на земјотресот.

Загина  девојката Елмира Сефо, која во тешка состојба беше донесена од Столац, потврдија за „Аваз“. Klix.ba пишува дека имала 27 години.

 

Во тешка состојба е пренесена на итната медицинска помош. Донесена е без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата.

 

До несреќата дошло кога од земјотресот се урнала карпа врз семејната куќа во населбата Кукавац во Столац. Уништеното семејство на девојчето во текот на ноќта се собрало пред болницата.

 

Од Здравствениот дом во Столац велат дека и кај нив имало голем број граѓани со напад на паника.

 

index.hr