Делови од фасадата на зградата на Владата на РСМ се откорнале и паднале во текот на утринските часови. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите. Парчиња од гипс и стиропор во моментов се уште се наоѓаат на тревникот околу објектот.
За потсетување фасадата на Владата чинеше 17,6 милиони евра.