На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Jавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведе координирана полициска акција на локација на Скопје.
Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.
По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово.При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, како што изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.
извор: МВР
фото: Архива