Денеска 47,8 милиони француски гласачи треба да одлучат меѓу Еманул Макрон и Марин Ле Пен.
Според последните анкети, актуелниот претседател Макрон би освоил од 54 до 56,5 отсто од гласовите.
Макрон, дискретен пред првиот круг од изборите и со фокус на надворешнополитичките прашања како што е војната во Украина, ја смени својата тактика во кампањата меѓу двата круга, во посета на земјата и давање интервјуа.
Ле Пен, пак, работеше на подобрување на сопствениот имиџ и водеше кампања за да биде поблиску до обичните граѓани.
Макрон, според месечниот барометар на агенцијата Ифоп, го завршува својот петгодишен претседателски мандат во Франција со популарност од 41 отсто, што е добар резултат во споредба со двајцата негови претходници, социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд и десничарот Никола Саркози.
Двајцата неодамна јавно го поддржаа Макрон за нов петгодишен мандат.
makfax.com