БиХ: Нов силен земјотрес утрово го потресе Столац

0
306

Градот Столац во Босна и Херцеговина утрово во 6:27 часот го потресе нов силен земјотрес, известува Агенција Анадолија (АА).

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека земјотресот овој пат бил со интензитет од 4,8 степени.

Епицентарот на земјотресот бил 17 километри источно од градот Столац, на длабочина од 10 километри. Бил со пократок интензитет отколку земјотресот што се случи пред речиси два дена.

Во земјотресот со интензитет од 5,6 степени што го потресе Столац во петокот вечерта во 23:07 часот животот го загуби 28-годишна девојка, а причинета е и значителна материјална штета на голем број објекти во градовите низ БиХ.

извор: Агенција Анадолија (АА).