Се реконструира фудбалското игралиште во ЈП “”Билјанини извори”

ЈП “Билјанини Извори” продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува и која во овој случај е дел од Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”. Имено деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови.

Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен.

Доколку дозволат финансиските услови во претпијатието ќе се пристапи и кон втората фаза која ќе значи и комплетна санација и реконструкција на игралиштето доколку не претпијатието наредната пролет ќе го заокружи и овој проект кој е од особено значење за фудбалските школи и клубови.

ЈП “Билјанини Извори” согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година и во иднина ќе реализира или ќе превземи активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.

 

општина Охрид