Европскиот суд побара објаснување зошто повторно се проверуваат пасошите во Шенген зоната

0
365

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која би можело да ги принуди земјите редовно да објасниуваат зошто вршат проверки на личните документи на граѓаните кои треба слободно да се движат во Шенген зоната. Во Шенген зоната има 26 земји – 22 земји од Европската унија, заедно со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Вообичаено, граѓаните и стоката се движат слободно во таа зона без гранични проверки. Дозволени се привремени контроли од безбедносни или здравствени причини. Најмалку седум земји во моментов имаат одредени ограничувања, главно од безбедносни причини или за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот. Ограничувањата треба да траат само шест месеци, но некои земји, особено Австрија, Франција и Данска, со години рутински ги обновуваат.

 

Радио Слободна Европа