Екс специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници. Излезена е од затворот Идризово каде ја издржува затворската казна, а Телма ја улови како пазарува во еден од скопските маркети, објави Телма.
Од Управата за извршување санкции велат дека ја добила оваа погодност на 23 април а синоќа имаше обврска да се врати во Идризово.
Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници после одлежана 1/3 од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.
извор: Телма.