Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26 април) околу 19 часот и 10 минути, на улица “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.Тетовецот Г.Г. задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Related Posts
Стојаноски: Укинуваме два Управни одбори, еден директор и една институција
Новото парламентарно мнозинство продолжува со исполнување на предизборните ветувања, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски. На денешната пленарна седница…
Во домот каде што престојувало 27 годишно лице од село Ботун полицијата пронаша марихуана
На 01.02.2022, полициски службеници од СВР Охрид лишиja од слобода 27 годишно лице од село Ботун, општина Дебарца. При претрес…
(ВИДЕО) Инцидент во Чаир: Навивачите на Шкупи ги нападнаа фудбалерите на Шкендија – Специјални единици ги извлекуваа фудбалерите
Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат уште во 10. минута од средбата, поради…