Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.
Елези по постигнатиот погодок низ радоста испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи, по што следеше упад на теренот од страна на дел од навивачите на домашните, а потоа и целосен хаос со физички пресметки и на фудбалерите со дел од навивачите, објави ekipa.mk.
Нешто потоа, откако судиската тројка се повлече во соблекувалните, припадници на специјалните единици на полицијата ги извлекуваа и фудбалерите на Шкендија кон соблекувалните каде повторно беа нападнати со пиротехнички средства од страна на навивачите на домашните.
Натпреварот на Чаир се уште е во прекин, и тешко дека денеска воопшто ќе продолжи.
видео: ekipa.mk