Билатерална средба на албанските и македонските претставници за заштита на регионот на Охридското езеро

Денес во Тушемиште, соседна Албанија, се одржа билатерална средба, посветена на заштитата на регионот на Охридското езеро и неговото сливно подрачје. Од македонска страна, покрај министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, присуствуваа и градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца, Кирил Пецаков, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески.

На средбата беа избрани нови членови на Билатеријалниот комитет за заштита на регионот, а се разговараше и за стратешкиот план, кој во драфт-верзија треба да биде изготвен до септември и идните активности.

 

Градоначалникот Пецаков, на средбатга истакна дека заштитата на Охридското езеро и целиот регион, по неколку децении заедничка работа, денес добива нов импулс, со дефинирани заложби, стратегија, планови и решенија кои зеднички ќе ги споделат централните и локални власти на Република Албанија и Република Македонија. Во таа насока градоначалникот Пецаков подвлече дека, Општина Охрид доследно и целосно ќе биде посветена кон исполнување на сите цели кои заеднички ќе бидат поставени со нашите албански партнери.

На средбата Албанија беше претставена со министерката за Туризам и животна средина, Мирела Кумбаро Фурџи, префектот на регионот Корча Нертил Јоле и градоначалникот на Подградец, Илир Џаколи.

Договорено беше идната средба на експертско ниво да се одржи на 27 мај во Охрид.