Погребана Медлин Олбрајт после месец дена од нејзината смрт

0
441

Во Националната катедрала во Вашингтон се одржа погребот на Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар во САД.

Собрани, кои беа околу 1.400 на комеморацијата во Националната катедрала во Вашингтон, беа предводени од американскиот претседател Џо Бајден и неговите претходници Барак Обама и Бил Клинтон, пренесува Гласот на Америка.

Клинтон во својот говор ја споменал и бистата на Олбрајт, која беше поставена во Приштина.

– Шетавме по улиците на Приштина со претставници на Косово и застанавме на булеварот каде што поставија прекрасна биста посветена на секретарката Олбрајт како дел од работата што таа ја работеше таму. Многу сум горд на животот што го живееше и благодарен сум што Хилари и јас бевме нејзини пријатели, изјави Клинтон.

Присутни биле и трите ќерки на Медлин Олбрајт, додека поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс читала делови од Библијата.

Олбрајт почина на 23 март на 84-годишна возраст.