Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува забрана за греење на гас за нови градби од 2023 година. Мерката беше планирана да стапи во сила од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен.
Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема да биде дозволено поставување постројки за греење, што работат на течни или цврсти фосилни горива, или фосилен течен гас.
До 2040 година, греењето на гас мора да биде заменето со алтернативни, климатски поволни решенија, наведува Министерството.
Од 2023 година, неисправните постројки за греење на нафта или јаглен, треба да се заменат со „зелени системи“.