Министерство за правда: Дигитализација на судови, брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавно обвинителската функција

Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење.

-Инсталирана е и ставена во употреба информатичко компјутерска опрема во судниците на 5 основни судови: Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје со што ќе се зголеми транспарентноста и еднаквоста на странките во постапката. Потпишани се меморандуми за интероперабилност за побрза размена на податоци со институциите.
– Обезбедени се дигитални услуги за граѓаните со што се овозможува брз, лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци.
– Електронски уверенија од казнената евиденција за физички лица и правни лица кои се достапни на националниот портал uslugi.gov.mk.
– Успешно се спроведува системот за бесплатна правна помош за граѓаните. За 53,7% е зголемен бројот на барања за бесплатна секундарна правна помош. Примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година.
– Континуирано се преземаат активности во насока на обезбедување на оптимални услови за ефикасно вршење на судската и јавно обвинителската функција. Се залагаме за подобрување на нивниот статус и финансиска независност во општеството.
– Започна обуката на VIII-та генерација во Академијата на судии и јавни обвинители за едукација на кадри за судии и обвинители што претставува клуч за непрекинато функционирање на правната држава.
– Одржани се јавни расправи за новите законски решенија:
– Закон за помилување
– Закон за вештачење
– Закон за правда на децата.
– Финализирање на имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на зајакнување на независноста, непристрасноста и транспарентноста на судскиот систем, подобрување на квалитетот и ефективноста на судските услуги за граѓаните.