Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека случаите на хепатитис од непознато потекло, кои се појавија во Велика Британија и се забележани во многу земји во Европа, не се предизвикани од вакцинацијата против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, истражувачот на Глобалната програма на СЗО за ХИВ, хепатитис и сексуално преносливи инфекции, д-р Филипа Истербрук, ги сподели најновите информации за зголемениот број случаи на хепатитис од непозната потекло во последните недели.
Наведувајќи дека вирусот е забележан кај 170 деца на возраст од 1 месец до 16 години во 16 земји, д-р Истербрук истакна дека 50 отсто од случаите се на возраст меѓу 3 и 5 години.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во соопштението издадено на 26 април истакна дека случаите на хепатитис достигнале 190.
Истербрук нагласи дека досега кај 16 деца е направена трансплантација на црн дроб, а бројот на починати сѐ уште е еден.
– Инфекциите не се предизвикани од труење или патување
Наведувајќи дека досега испитаните случаи покажале дека не се работи за вообичаените вируси на хепатитис, Истербрук рече: „Не се работи за труење со храна или инфекција поврзана со патување.“
За можноста за поврзување на случаите на хепатитис со вакцинацијата против Ковид-19, Истербрук рече: „Познато е дека многу малку деца се вакцинирани против Ковид-19. Случаите не се поврзани со вакцинацијата против Ковид-19.“
Соопштувајќи дека најмногу случаи на мистериозен хепатитис се откриени во Велика Британија – 114 случаи, Истербрук нагласи дека следува Шпанија.
Текстот во целост на:Агенција Анадолија (АА).