Запален е стан што се наоѓа на улица „Никола Карев“ во Велес. Громот го погоди најгорниот кат од зградата со број 3 и предизвика пожар, објави Дума.мк.
На лице место е екипа на Итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес
-Од вдишен чад интервениравме на две лица кои по моментот на ударот на громот од пожарот вдишиле чад. Нивната здравствена состојба не е тешка. Сепак ќе ги транспортираме до Итна медицинска помош, рече д-р Васе Панова Поп Стефанова портпаролка на Здравствен дом Велес.
извор и фото: Дума.мк.