Израел го повика рускиот амбасадор и побара извинување од Москва откако министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров сугерираше дека Адолф Хитлер има еврејски корени, објави slobodnaevropa.mk.
Лавров во интервју за италијанска телевизија на 1 мај, беше запрашан како Русија може да тврди дека треба да ја „денацифицира“ Украина, кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, бил Евреин.
Лавров ја бранеше целта на рускиот претседател Владимир Путин за „денацификација“ на Украина и рече дека еврејското потекло на украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја поткопува позицијата на Путин.
„Кога велат „Каква е оваа нацификација ако сме Евреи“, мислам дека и Хитлер имал еврејско потекло, така што тоа не значи ништо“, изјави Лавров за италијанскиот ТВ канал „Рете 4“.
„Веќе долго време слушаме како мудриот еврејски народ вели дека најголемите антисемитисти се самите Евреи“, тврди Лавров.
Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид рече дека рускиот амбасадор ќе биде повикан на „тежок разговор“ поради коментарите. Изралескиот министер вели дека коментарите на Лавров се „непростливи и скандалозни и ужасна историска грешка“.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.