Бајден им го честита празникот Рамазан Бајрам на муслиманите низ светот

0
431

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден им честитаа на муслиманите во светот по повод празникот Рамазан Бајрам, кој го одбележува крајот на месецот на постот Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Додека муслиманите во САД и ширум светот го завршуваат месецот Рамазан и го прославуваат празникот Рамазан Бајрам, Џил и јас им упатуваме најубави желби на оние кои го прославуваат овој празник“, рече Бајден во изјавата.

Претседателот истакна дека тој ги има во мислите раселените луѓе и бегалците, додавајќи: „Како нација, ние мораме секогаш да ја одржуваме вербата со ние кои бараат подобар живот, да ја одржиме нашата посветеност и да бидеме надеж за угнетените луѓе ширум светот“.

„И, додека муслиманите ширум САД го прославуваат Бајрам, да ја обновиме нашата посветеност на нашата основна заложба за почитување на сите вери и верувања“, рече тој.

Во понеделник, Белата куќа ќе ја продолжи традицијата на прославување на Бајрам и оддавање почит кон муслиманските Американци „кои ги предводат напорите за градење поголемо разбирање и единство низ нашата земја“.

„Традицијата на верската слобода за сите ја зајакнува нашата земја, и ние ќе продолжиме да работиме со Американците со какви било верувања и потекло за да ја заштитиме и продлабочиме нашата колективна посветеност на овој основен принцип“, нагласи американскиот претседател.

„На сите кои прославувате, Џил и Јас ви посакуваме на вас и на вашите најсакани честит Бајрам. Нека духот на заедницата и сочувството на кои бевме сведоци изминатиот месец продолжат во текот на годината. Честит Бајрам“, порача тој.

За време на Рамазан, еден од столбовите на исламот, постот, го практикуваат сите возрасни муслимани. Од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна, пијалок и пушење.

извор: Агенција Анадолија (АА).